mk-MKen-US
Општина
Центар

 

Грб на општина центар Грбот на Општината е во форма на триаголен (варјашки) штит, со однос на висината и ширината од 1,41 или √2. Штитот со бела основа и црвен обраб. Централно во полето на штитот е прикажана птицата феникс како се воздигнува од оган. Двата мотива се во истата црвена боја како и обработ. 


Знамето на Општината е правоаголно, со однос на должината и висината во апроксимација 5:3. Знамето е црвено, а во централниот дел во пресекот на дијагоналите е сместен грбот на Општината така што висината на знамето и висината на грбот се во ист однос како и должината и висината на знамето.