mk-MKen-US
Општина
Центар

Надлежност на општината

1. Планирање и уредување на просторот
  • покренување иницијативи за донесување, измена и дополнување на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
  • давање мислења по нацртите на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
  • донесување детални урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места во општината;
  • спроведување урбанистички планови и проекти и издавање документација за изградба на објекти од локално значење /услови за градба, урбанистичка согласност, одобренија за градење/;
  • издавање одобренија за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема; и
  • уредување на градежно земјиште во делот на опремување на градежното земјиште со објекти и инсталации од секундарната инфраструктура.
2. Заштита на животната средина и природата
  • покренување иницијативи и преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и од нејонизирачко зрачење.
3. Локален економски развој
  • планирање на локалниот економски развој на општината;
  • утврдување развојни и структурни приоритети на општината, и
  • поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото во општината.
4. Комунални дејности
  • изградба, одржување, реконструкција и заштита на серцисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти;
  • одржување на јавната чистота на сервисните и станбените улици;
  • организирање, изнесување и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад;
  • изградба и одржување на јавно осветлување на станбени и сервисни улици на подрачјето на општината;
  • одржување на гробовите и гробиштата и давање погребални услуги на општинските гробишта утврдени со урбанистички план;
  • изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината утврдени со урбанистички план;
  • одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбените улици;
  • отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини;
  • одржување и користење на јавните пазари;
  • дезинфекција и дератизација, и
  • изградба и одржување на јавни санитарни јазли.
5. Култура
  • институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за општината;
  • негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
  • организирање културни манифестации, поттикнување на разновидни специфички форми на творештво; и
  • одбележување на настани и личности од значење за општината.
6. Образование
  • основање, финансирање и учество во управувањето со основните училишта на нејзиното подрачје, во согласност со закон;
  • именување директори на основните училишта, во согласност со закон, и
  • превоз и исхрана на учениците во училиштата од нејзина надлежност, во согласност со закон.
  • поттикнување и помагање на училишниот спорт.
7. Социјална и детска заштита
  • сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи за деца – детски градинки, во согласност со закон, и
  • преземање мерки од областа на социјалната заштита во согласност со закон.
8. Здравствена заштита
  • преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; - здарвствено воспитување;
  • унапредување на здравјето;
  • превентивни активности;
  • здравствен надзор над животната средина и над заразните болести, и
  • помош на пациенти со специјални потреби.
9. Заштита и спасување
  • зштита и спасување на граѓани и материјалните добра од воени разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
10. Надзор
  • надлежност над вршењето на работите од надлежност на општината.