mk-MKen-US
Општина
Центар

КОЧО РАЦИН

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Основни училишта

Основното училиште Кочо Рацин Скопје се наоѓа на ул. Салвадор Аљенде бр. 2, во Скопје. Училишната зграда е од тврда градба, градена етапно во 1936-1937 год., а потоа доградувана во 1956-1957 год. Во 1963 год. се изградени спортските терени.
Училишната зграда е приклучена на централно греење и има вкупна површина од 3622 м2. Исто така училиштето располага и со спортски терени за фудбал и кошарка со вкупна површина од 2620 м2.
Учениците од прво до петто одделение имаат можност да се хранат во училишната кујна, опремена по најнови стандарди.
Воспитно образовната работа во училиштето се остварува на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Таа опфаќа настава и други облици на организирана работа со учениците. Наставата од прво до петто одделение се реализира како настава со продолжен престој-целодневна настава прифаЌајЌи ги учениците еден час пред и еден  час по завршување на наставата.
Во училиштето се опфатени вкупно 584 ученика распоредени во 24 паралелки. Наставата ја реализираат 26 одделенски наставници и 21 предметен наставник. Освен директорот како раководен кадар, училиштето има педагог,  психолог, библиотекар, административен  и помошно-технички кадар.
Печати

Број на прегледи (1039)/Коментари (0)

Означувања: