mk-MKen-US
Општина
Центар

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Основни училишта

Основното училиште Гоце Делчев Скопје се наоѓа во централното градско подрачје на Општина Центар на ул. Градски ѕид бр. 34.
Училишната зграда која е изградена во 1962/63 година е приклучена на централно греење и има површина од околу 2000 м2. Фасадата на училиштето е обновена и сите прозорци се сменети. Наскоро учениците од ова училиште  за прв пат ќе добијат филскултурна сала која во моментов ја гради Општина Центар.
Училиштето располага со добро опремена ученичка кујна и во неа се подготвува топол оброк за учениците кои посетуваат продолжен престој. 
Наставата се одвива на македонски  наставен јазик организирана како настава со продолжен престој  за учениците од прво до петто одделение. Истата се одвива во смени наизменично за учениците од одделенска и предметна настава.
Воспитно-образовната дејност се реализира во вкупно 18 паралелки со 438 ученика со 14 наставници во одделенска настава и 20 во предметна настава. Во училиштето освен директорот како орган на раководење работи и педагог и  друг адмнистративен и технички персонал.
Печати

Број на прегледи (1387)/Коментари (0)

Означувања: