mk-MKen-US
Општина
Центар

КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Основни училишта

Основното училиште Коле Неделковски  е централно самостојно училиште кое се наоѓа на ул. Антоније Грубишиќ бр. 8 до Градежниот факултет во Општина Центар. Училиштето е изградено во 1957/58 година. Во 2007 година истото е реновирано со комплетно нова фасада, прозорци, тоалети, кров, ограда, филскултурна сала и др. со средства на Општина Центар добиени од Европската Унија како награда за улица Македонија.
Во училиштето функционира и училишна кујна во која се подготвува топол оброк за учениците од целодневна настава.
Наставата се одвива на македонски наставен јазик и  учениците од прво  заклучно со петто одделение посетуваат целодневна настава, а од шесто одделение  предметна настава. Освен задолжителните предмети,  во ова училиште веќе четири години успешно функционира проектот Рано изучување на германскиот јазик од прво одделение поддржан од Гете Институт и Министерство за образование и наука.
Воспитно-образовната дејниост се реализира во 21 паралелка со 554 ученика со 22 наставника во одделенска и 16 предметни наставници. Во училиштето освен директорот како орган на раководење работи и педагог и  друг  адмнистративен и технички персонал.
Печати

Број на прегледи (1112)/Коментари (0)

Означувања: