mk-MKen-US
Општина
Центар

ДИМИТАР МИЛАДИНОВ

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Основни училишта

Основното училиште Димитар Миладинов изградено во 1960 година е најголемо училиште во Општина Центар и тоа како по квадратура, така и по број на  ученици. Има голем училишен двор во кој се наоѓа прекрасно   игралиште за фудбал, а во најскоро време ќе се гради и тениско игралиште. Учениците од ова училиште имаат можност за користење на училишниот базен кој се наоѓа во самото училиште.
Во  училиштето функционира и училишна кујна во која се подготвува топол оброк за учениците од целодневна настава.
Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Освен редовната настава на македонски јазик во училиштето функционира и билингвална паралелка на француски јазик, каде што учениците од најрана возраст се запознаваат со францускиот јазик а подоцна го изучуваат како втор странски јазик. Во ова училиште постои  можност за изучување  на  рускиот  јазик.
Воспитно-образовната дејниост се реализира во 28 паралелки со 775 ученика со 30 наставника во одделенска и 23 предметни наставници. Во училиштето освен директорот како орган на раководење работи и педагог, психолог  и  друг  адмнистративен и технички персонал.
Печати

Број на прегледи (1004)/Коментари (0)

Означувања: