mk-MKen-US
Општина
Центар

11 ОКТОМВРИ

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Основни училишта

Основното училиште 11 Октомври се наоѓа на ул. Мирче Ацев 102 во населбата Пролет во општина Центар. Училиштето својата воспитно-образовна дејност ја започнало во далечната 1954 година а од 1970 година е отворена првата група дневен престој  за учениците од прво до четврто одделение а од 1978 година е воведена целодневната настава која функционира до денешен ден.
Училишната зграда која е од тврда градба има површина од 4754 м2 и училишен двор од 21376 м2. Училиштето има спортски терени со површина од 1590 м2 за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка а од јануари 2012 година пуштена е во употреба и новата спортска сала Македонско Сонце, изградена од Агенција за млади и спорт на Владата на РМ. Наскоро се очекува да се започне со изградба  на  тениско игралиште.
УчилиШтето е целосно реновирано од страна на Општина Центар како што се фасада, заменети се сите прозорци, реновирани се сите тоалети, кров, училишна ограда и др. Наскоро се очекува промена на електрична инсталација од страна на Општина Центар.
За учениците од прво до петто одделение во дневен престој има и топол оброк.
Воспитно-образовната дејниост се реализира во 27 паралелки со 659 ученика со 30 наставника во одделенска и 31 предметни наставници. Во училиштето освен директорот како орган на раководење работи и педагог, психолог  и  друг  адмнистративен и технички персонал.
Печати

Број на прегледи (985)/Коментари (0)

Означувања: