mk-MKen-US
Општина
Центар

ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Основни училишта

Основното училиште Ј.Х.Песталоци се наоЃа на ул. Апостол Гусларот бр. 3 во општина Центар. Изградено е по катастрофалниот земјотрес во 1969 година како подарок и симбол на хуманоста на народот на Швајцарија и го носи името на великанот на педагошката мисла и идеен творец на современото училиште Песталоци. Училишната зграда е со современ архитектонски изглед и и ма 4474 м2 покриен училишен простор.
Училиштето располага со голем училишен двор од 9043 м2 во кој наскоро Ќе се изгради тениско игралиште за учениците.
Во училиштето работи една ученичка кујна во која се подготвува топол оброк за учениците од продолжениот престој и ги снабдува учениците со ужинка.
Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.  Освен задолжителните предмети,  во ова училиште веЌе неколку  години успешно функционира ПАШ проектот за  Рано изучување на германскиот јазик од прво одделение поддржан од Гете Институт и Министерство за образование и наука.
Воспитно-образовната дејниост се реализира во 23 паралелки со 573 ученика со 23 наставника во одделенска и 22  предметни наставници. . Во училиштето освен директорот како орган на раководење работи и педагог, психолог  и  друг  адмнистративен и технички персонал.
Печати

Број на прегледи (1505)/Коментари (0)

Означувања: