mk-MKen-US
Општина
Центар

СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Основни училишта

Основното училиште Св. Кирил и Методиј се наоѓа на ул. Стив Наумов бб.  Изградено е од тврда градба во 1963/64 со вкупна корисна површина од 2504 м2 и 4448 м2 дворна површина.
Училиштето е формирано во 1836 година како ќелијно училиште во склоп на црквата Пресвета Богородица и својата воспитно-образовна дејност ја спроведува континуирано 175 години. Ова е најстарото училиште во Република Македонија.
Училиштето е комплетно реновирано од Општина Центар  почнувајЌи од кровот, фасадата, промена на прозорците, електричната инсталација, реновирање на сите тоалети, нова ограда и др. Она што преостанува за наредниот период е изградба на филскултурна сала.
Во училиштето работи една ученичка кујна во која се подготвува топол оброк за учениците од продолжениот престој.
Наставата во училиштето се изведува на македонски наставен јазик . Воспитно-образовната дејниост се реализира во 27 паралелки со 566 ученика со 25 наставника во одделенска и 27  предметни наставници. Во училиштето освен директорот како орган на раководење работи и педагог, и друг адмнистративен и технички персонал.
Печати

Број на прегледи (1844)/Коментари (0)

Означувања: