mk-MKen-US
Општина
Центар

13ти Ноември

13ти Ноември

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Градинки

Оценете ја оваа вест:
2.8
ЈУДГ ОЦ ,,13 Ноември,, -Скопје целосно гравитира на територијата на општина Центар -Скопје. Капацитетот на установата изнесува 630 деца, а опфатени се 618 деца, распоредени во 4 објекти, со исклучок на објектот ,,Слобода,, чиј капацитет е 20 деца и истиот од 2003 год. не се користи за потребите на градинката.

Просторните услови прикажани по објекти се следните:
  1. Во Матичниот објект на ул.”Никола Тримпаре”17а опфатени се 219 деца чиј престој е организиран во солидни просторни услови за престој на деца од 9 месеци до поаѓање во училиште. Во овој објект сместена е централната кујна и административно-техничка служба. Сите заедно без тешкотии ги опслужуваат останатите работни објекти во составот на Градинката.
  2. Во објектот "Јасмин” на ул.”Мито Хаџивасилев Јасмин”бб опфатени се 202 деца на возраст под 9 месеци до поаѓање во училиште.
  3. Објектот "Парк” на ул.”Наум Наумовски Борче”бб опфатени се164 деца на возраст од 9 месеци до поаѓање во училиште.
  4. Објектот ,,Кукушка,, на улица ,,Кукушка,, бб е објект од тврда градба со опфатени 33 деца.
  5. Објектот "Слобода” е објект од тврда градба во станбена зграда која од септември 2003 година е превземена од МТСП со цел да се пренамени за други потреби, а во тек е постапка да се врати објектот и да се користи за потребите на градинката, односно за престој на деца од 2-6 год.
Во солидно архитектонски-педагошко-психолошки и здравствено хигиенски услови се организира престојот на децата од 9 месеци до поаѓање во училиште, опфатени со целодневен престој, со централизирана исхрана, одржување на постелнина-перални, заедничката служба за одржување, управно економска служба, служба за раководење, и педагошко-психолошка и здравствено хигиенска стручно инструктивна служба.

Целосниот извештај на градинката можете да го првземете подоле.
Печати

Број на прегледи (1504)/Коментари (0)

Означувања: