mk-MKen-US
Општина
Центар

Кочо Рацин

Кочо Рацин

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Градинки

Оценете ја оваа вест:
3.8
Згрижувачката и воспитно-образовната дејност се остварува во четири работни единици-објекти (сите лоцирани на територијата на општина Центар) и тоа:
  1. КОЧО РАЦИН- матичен објект, ул. Козара б.б. ,тел.3178-789 ;
  2. НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ- работна единица,ул. Борка Талески бр.50,тел 3245-314;
  3. БЕЛИ МУГРИ- работна единица, ул. Ацо Караманов б.б.,тел.3178-253 и
  4. ПАНОРАМА - работна единица,ул.Тасино чешмиче б.б.,тел. 3177-675
Воспитните групи, јасли и градинка (вкупно 31 група) се сместени во соодветни простории - занимални (соби за дневен престој), во кои непречено се остваруваат активностите поврзани со секојдневниот живот на децата: нега, исхрана, хигиена, одмор, а пред се, игри, слободни активности, организирани воспитно-образовни активности, родендени, прослави, средби со родителите и др.

Во сите работни единици постојат различни услови за работа, пред се, имајќи ја во предвид градбата, функционалноста и искористеноста на објектите, но, во поглед на опремата, играчките, дидактичкиот и другиот работен материјал, не постојат големи разлики бидејќи во последните години донекаде успеавме да ги надминеме,но и да ги подобриме условите за работа. Особено внимание посветуваме на тековното одржување на објектите, на одржување на хигиената, на естетскиот изглед на просториите, ходниците, заедничките простории, на дворните површини и сл.

Целосниот извештај на градинката можете да го првземете подоле.
Печати

Број на прегледи (1378)/Коментари (0)

Означувања: