mk-MKen-US
Општина
Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар

Author: SuperUser Account/сабота, 03 јануари 2015/Категории: Јавни претпријатија

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е формирано од Општина Центар, со Одлука на Советот на Општина Центар број 07-2625/4 од 18.12.2006 година и Решение за Упис во Централен регистар на Република Македонија од13.03.2007 година. Скратениот назив на Јавното претпријате за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје (ЈП ПОЦ) е правно лице основано со цел организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта на територијата на Општина Центар, пред се во насока на ефикасно и квалитетно задоволување на потребите на жителите на Општина Центар и секако решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со паркирањето во централното градско подрачје.

Јавното претпријатие вршејќи ја основната дејност за која е основано, постојано утврдува и изнаоѓа нови и ги усовршува постојните услуги следејќи ги современите европски и светски трендови и практики на давање на услуги за користење на јавни паркиралишта, притоа реализирајќи ја својата визија да стане водечка компанија и пример во својата дејност.

На сите јавни паркиралишта со кои управува Јавното претпријатие, приоритет се дава на жителите на Општина Центар на кои согласно востановената деловна политика и начинот на организирање на работата на паркиралиштата, им се гарантира пристап и користење на јавното паркиралиште со што всушност и се оправдува постоењето на јавните паркиралишта како јавен сервис на граѓаните, со што трајно и во континутиет се води грижа за правилен, ефикасен и непречен режим на сообраќајот на самите паркиралишта, што наидува на огромна благодарност и одобрување од граѓаните.

Со Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје управува и раководи Директор именуван од Градоначалникот на Општина Центар врз основа на јавен конкурс. Директор на ЈП за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е Васко Кичевски.

 

Во рамките на претпријаитето функционираат 5 (пет) сектори и 14 (четиринаесет) одделенија:

1. СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ со три одделенија:

1.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИИ

1.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И

1.3. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАПЛАТА

 

2. СЕКТОР ЗА КОНТРОЛА НА КОРИСНИЦИ со две одделенија:

2.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО КОРИСНИЦИ И

2.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОНТРОЛА

 

3. СЕКТОР ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ЈАВНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ И ПАЈАК со две одделенија:

3.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА И

3.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПАЈАК СЛУЖБА

 

4. СЕКТОР МАРКЕТИНГ, ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ со две одделенија:

4.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МАРКЕТИНГ, РАЗВОЈ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

4.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

 

5. СЕКТОР ЗА ОПШТИ, ПРАВНИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ со три одделенија:

5.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТИ РАБОТИ

5.2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ и

5.3. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

 

Како посебни одделениja во рамките на ЈП Паркинзи на Општина Центар се формирани:

1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

2. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

 

Јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар се класифицираат во 4 (четири) паркинг зони утврдени според интензитетот и фреквенцијата на сообраќајот на територија на Општина Центар – Скопје.

ЗОНА О

ЗОНА I

ЗОНА II

ЗОНА 0I

 

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР управува и организира паркирање во 13 (тринаесет) сектори:

Во Зона I се утврдени следните паркинг сектори:

1. 1. СЕКТОР СОБОРЕН ХРАМ

1. 2. СЕКТОР ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ

1. 3. СЕКТОР ЦЕНТАР

1. 4. СЕКТОР МНР

1. 5. СЕКТОР ПАЛОМА БЈАНКА

1. 6. СЕКТОР ТРГОТЕКСТИЛ

1. 7. СЕКТОР ДЕБАР МААЛО

 

Во Зона II се утврдуваат следните паркинг сектори:

2. 1. СЕКТОР КАПИШТЕЦ

2. 2. СЕКТОР БУЊАКОВЕЦ

2.3. СЕКТОР ПРОЛЕТ

2.4. СЕКТОР МАЏАР МААЛО

2.5. СЕКТОР АУТОМАКЕДОНИЈА

 

Во Зона 0I се утврдува следниот паркинг сектор:

3. 1. СЕКТОР ПАРК

 

Паркирањето е регулирано во јавни паркиралишта од отворен тип и затворен тип, катна гаража „Судска палата“ и резидентни улици и паркиралишта.

Јавните паркиралишта од отворен тип се: Соборен Храм, Парк, Дебар Маало, Центар, Капиштец, Буњаковец, МНР, Палома Бјанка, Максим Горки, Пролет и Маџир Маало.

Јавни паркиралишта од затворен тип се: ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ, АУТОМАКЕДОНИЈА, ТРГОТЕКСТИЛ.

Резидентни улици и паркиралишта се наменети само за станарите на таа улица.За граѓаните-жители на општина Центар паркирањето е бесплатно во  зона 01, зона 1 и зона 2 (освен во јавните паркиралишта од затворен тип, катната гаража „Судска палата“ и резидентните улици и паркиралишта.

За сите останати корисници надоместот е определен согласно Ценовникот на услуги на Јавните паркиралишта со кои управува ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

На жителите на Општина Центар кои имаат сопствен паркинг простор (гаража, подземен или надземен простор) ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР им овозможува непречен влез до својот паркинг простор преку издавање на соодветна налепница.

Работното време на јавните паркиралишта е во зависност од секторот. За жителите на општина Центар бесплатното паркирање е без временско ограничување.

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР- Скопје, со цел задоволување на потребите на граѓаните и пред се во пресрет на нивните барања, имајќи ја во предвид нивната економско-социјална положба, го развива и понатаму ќе го усовршува пакетот на услуги и цени кој го нуди, истовремено имајќи ја пред себе и визијата на ова претпријатие да прерасне во предводник во дејноста која ја врши и секако да ја оправда основната цел за сопственото постоење.

И понатаму заедно со Општина Центар, како наш основач, ќе се развиваме во правец на обезбедување на слободно паркинг место блиску до домот на жителите на Oпштина Центар, како и пакет на услуги и цени кои ќе бидат прифатливи и достапни на останатите корисници на нашите услуги.


ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Бул. Гоце Делчев бр.14, 1000 Скопје
Дирекција: 
+ 389 2 3212488
Контакт центар: 072 251 251
www.poc.mk

Печати

Број на прегледи (10126)/Коментари (0)

Означувања: