mk-MKen-US
Општина
Центар

ЈП ПОЦ започнува со бележење на паркинг места и поставување на нови информативни табли

Author: Emil Lazarevski/понеделник, 13 август 2018/Категории: Општи, Институции, Јавни претпријатија

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје од денеска започнува со бележење на паркинг места и поставување на нови информативни табли на сите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието со цел полесно, попрегледно и пофункционално паркирање во општина Центар.

 

ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе започне со работа од Зона 0 (нулта), а во наредните два месеци ќе бидат одбележани паркинг местата во сите зони, а старите информативни табли ќе бидат ревидирани и заменети со нови на сите отворени, затворени и резидентни паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

 

ЈП ПОЦ апелира до жителите да имаат разбирање за наведените активности, бидејќи по завршување на бележењето на паркинг места и поставувањето на нови информативни табли ќе се добие подобра организација на паркирањето и ќе можат да користат добро уредени и безбедни паркинг места.

Печати

Број на прегледи (110)/Коментари (0)

Означувања: