mk-MKen-US
Општина
Центар

ЈП ПОЦ: Во наредните два месеци ќе се ажурираат податоци на затворените паркиралишта

Author: Emil Lazarevski/вторник, 17 јули 2018/Категории: Актуелности и новости, Одлуки и известувања, Институции, Јавни претпријатија

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ од денес ќе започне со ажурирање на податоците на корисниците на затворените паркиралишта со кои стопанисува претпријатието заради подобрување и унапредување на паркинг услугите, а со цел обезбедување повеќе слободни паркинг места за жителите.

Сите корисници на затворените паркиралишта ќе бидат информирани преку смс порака и ќе треба лично да дојдат во дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар со документите потребни за добивање на кориснички договори за паркинг.

Ажурирањето на податоци ќе започне од паркиралиштето „Дом на градежници“, а во наредните два месеци ќе се спроведе и на останатите две затворени паркиралишта „Аутомакедонија“ и „Трготекстил“.

 
Печати

Број на прегледи (80)/Коментари (0)

Означувања: