mk-MKen-US
Општина
Центар

Администрација

Внатрешната организација на Општинската администрација се утврдува во зависност од надлежностите на Општината утврдени со закон, групирањето на работите и задачите според видот, обемот, сложеноста, нивната меѓусебна сродност и поврзаност, како и други услови потребни за утврдување на внатрешната организација. 

Општинската администрација: 
  1. Ги подготвува актите за советот и градоначалникот;
  2. Ги  подготвува  седниците  на  советот,  како  и  седниците  на  неговите  постојани  и привремени комисии;
  3. Врши стручни работи за советот и за градоначалникот;
  4. Го води сметководството на Општината;
  5. Ја следи проблематиката во областите од надлежност на Општината, врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
  6. Доставува информации и податоци во врска со активностите на Општината на барање на надлежните органи или врз основа на закон;
  7. Ракува со документите на Општината, ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија ; и
  8. Врши и други работи што ќе и ги определи советот и градоначалникот.

Општинската администрација се организира во сектори и одделенија. 

Општинската администрација ја сочинуваат: 
  • Секторот за поддршка на градоначалникот;
  • Секторот за правни и организациони работи;
  • Секторот за финансиски прашања;
  • Секторот за јавни набавки;
  • Секторот за локален економски развој;
  • Секторот за урбанизам;
  • Секторот за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина;
  • Секторот за јавни дејности;
  • Секторот за инспекциски работи - Општински инспекторат;
  • Одделението за внатрешна ревизија;
  • Одделението за човечки ресурси.
За повеќе и подетални информации превземете ја Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинска администрација на Општината Центар - Скопје.