mk-MKen-US
Општина
Центар

 

  Детални урбанистички планови

кои се изработуваат по Закон за просторно и урбанистичко планирање

                                 (Сл. весник 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16)                             

            

             ЧЕКОР / СТАТУС              (Објаснување на чекорите во табелата подолу) 

Ажурирано на: 21.04.2017


ДУП Градска четврт И 06 - Пролет

Чекор 14

Изменување и дополнување на блок 1 во ДУП Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара

Чекор 17

Изменување и дополнување на блок 24 во ДУП Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара

Чекор 16

ДУП Градска четврт ЦС 14 - Кале и СРЦ Кале

Чекор 7

ДУП Градска четврт ЦС 04 - Пресвета Богородица

Чекор 7

ДУП Градска четврт И 07 - Тутунски комбинат

Чекор 8

Изменување и дополнување на блок 9 во ДУП Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за

медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара

Чекор 11

Изменување и дополнување на блок 11 во ДУП Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара

Чекор 11

ДУП Градска четврт Ц 08 - Ново Маало 2

Чекор 4

ДУП Градска четврт ЦС 01 - Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2

Чекор 8

ДУП Градска четврт ЦС 05 - Крњево 1

Чекор 4

ДУП Градска четврт ЦС 07 - Крњево 2

Чекор 4

ДУП Градска четврт И 04 - Даре Џамбаз

Чекор 4

Изменување и дополнување на блок 33 во ДУП Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара

Чекор 4

ДУП Градска четврт Ц 03 - Соборен храм

Чекор 6

ДУП Градска четврт И 09 - Нова железничка станица

Чекор 8

Изменување и дополнување на блок 10 во ДУП Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара

Чекор 6 и 7

 Закон за просторно и урбанистичко планирање

               (Сл. весник 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16)             

ЧЕКОР

СТАТУС

Чекор 1

Усвојување на Програма за урбанистичко планирање „Ф1“ на совет на Општина Центар - Скопје

Чекор 2

Комисијата за урбанизам одлучува по секоја доставена иницијатива (за прифатените иницијативи поднесува барање до Советот на општината за да се предвиди изработката на ДУП во годишната програма)

Чекор 3

Постапка за јавна набавка за избор на планер - изработувач на ДУП

Чекор 4

Подготовка и обезбедување на документациска основа:                                                                      *изработување на изводи од ДУП и ГУП;                                                                                              *изработување на ажурирана геодетска подлога (приватна геодетска фирма);                                    *изработување на заштитно-конзерваторски основи за културно наследство-доколку има заштитени добра во опфатот (НУ Конзерваторски центар Скопје)

Чекор 5

Изработка на планска програма за ДУП

Чекор 6

Одобрување на планската програма

Чекор 7

Планерот бара/добива податоци и информации што ги вградува во предлог-планот (од субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на културно наследство, заштита и спасување, здравствена заштита, образование, водостопанство, транспорт и врски, воздухопловство и безбедност, како и од субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациска, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура); доколку субјектот надлежен за заштита на културното наследство достави информација дека за предметниот опфат треба да се изработат заштитно-конзерваторски основи дотолку во урбанистичкиот план не се вградуваат ЗКО, а во постапката за одобрение задолжително се обезбедуваат заштитно-конзерваторски услови за градбите)

Чекор 8

Планерот изработува предлог-план со вградени податоци/информации од субјектите

Чекор 9

Комисијата избрана од градоначалник дава стручно мислење за согледување на степенот на усогласеност на предлог-планот со одредбите од законот

Чекор 10

Планерот постапува по стручното мислење

Чекор 11

Организирање на јавна анкета и јавна презентација на ДУП (соопштение и решение за објавување; обезбедување на простор за јавна презентација; покани до Министерство за транспорт и врски, ЈП Водвод и канализација, ЕВН Македонија АД, Балкан Енерџи Груп, Дирекција за заштита и спасување, Управа за заштита на културното наследство, ГА-МА АД, АЕК, Македонски телеком, ОНЕ, БЛИЗУ ДООЕЛ, ПОЦ, ЈП Градски паркинг, Министерство за животна средина и  просторно планирање и други правни субјекти)

Чекор 11а

Доколку предлог-планот претрпел значајни промени дотолку повторно се спроведуваат јавна анкета и јавна презентација                                                                                                                                             Напомена: Доколку се спроведени две јавни анкети дотолку надлежната комисија за урбанизам е должна да достави стручно мислење за согледување на степенот на усогласеност на конечниот предлог-план со одредбите од законот

Чекор 12

Изработување на записници од јавна анкета и од јавна презентација, извештај од јавна анкета и од јавна презентација и работа во комисија која дава одговори по анкетните листови, испраќање на одговорите до барателите

Чекор 13

Вградување на прифатените барања од јавна анкета во предлог план; постапување по одговорите од поканетите институции и други правни лица. Планерот изработува конечен предлог план

Чекор 14

На конечен предлог-план се бара (позитивно) мислење од органите надлежни за заштита на културно наследство, Агенција за катастар за недвижности, од Град Скопје и др.

Чекор 15

Изработување на (позитивен) извештај за стручна ревизија на конечниот предлог план

Чекор 16

Добивање на согласност од страна на Министерство за транспорт и врски

Чекор 17

Подготвување на документација и предлог-одлука за донесување на ДУП на совет

Чекор 18

Донесување на предлог планот од страна на советот и објавување на одлуката во Службен гласник на Општина Центар - Скопје

Чекор 19

Агенција за катастар за недвижности врши дигитално преклопување на урбанистичкиот план

Чекор 20

Урбанистичкиот план во електронска форма се објавува на веб страната на општината. Донесениот урбанистички план станува дел од електронскиот регистар на донесени урбанистички планови во рамки на информацискиот систем е-урбанизам

ДУП КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИМЕНУВA





 Детални урбанистички планови

кои се изработуваат по Закон за просторно и урбанистичко планирање

(Сл.весник 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14)

            ЧЕКОР / СТАТУС              (Објаснување на чекорите во табелата подолу) 

Ажурирано на: 21.04.2017

ДУП Градска четврт Ј 21 – локалитет Клинички центар и Геолошки завод

Чекор 15

ДУП Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1

Чекор 15

ДУП Градска четврт И 03 – локалитет Мирче Мацан

Чекор 13

ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2

Чекор 15

ДУП Градска четврт З 10 – локалитет Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2

Чекор 13

ДУП Градска четврт З 12 – локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2

Чекор 13

ДУП Градска четврт И 02 – Ново Маало 1

Чекор 14

ДУП Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници

Чекор 11

ДУП Градска четврт Ј 06 – дел од локалитет Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2

Чекор 13

ДУП Градска четврт  И 05 – Маџир Маало 2

Чекор 10

ДУП Градска четврт Ц 05 – локалитет Голем Ринг – Јужен дел

Чекор 8

ДУП Градска четврт ЦС 02.03 – Стара чаршија

Чекор 8 и 9

ДУП Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2

Чекор 9

ДУП Градска четврт Ј 05 – дел од локалитет Тасино чешмиче 1 - Барутана

Чекор 6

Закон за просторно и урбанистичко планирање 

(Сл.весник 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14)

ЧЕКОР

СТАТУС

Чекор 1

Усвојување на Програма за урбанистичко планирање „Ф1“ на совет на Општина Центар - Скопје

Чекор 2

Постапка за јавна набавка за избор на планер - изработувач на ДУП

Чекор 3

Подготовка и обезбедување на документациска основа:                                                                             *изработување на изводи од ДУП и ГУП;                                                                                                     *изработување на ажурирана геодетска подлога (приватна геодетска фирма);                                            *изработување на заштитно-конзерваторски основи за културно наследство-доколку има заштитени добра во опфатот (НУ Конзерваторски центар Скопје)

Чекор 4

Изработување на планската програма за нацрт ДУП

Чекор 5

Одобрување на планската програма од страна на Комисијата избрана од градоначалник

Чекор 6

Изработка на нацрт план

Чекор 7

Ревизија на нацрт план

Чекор 8

Издавање мислење по нацрт планот од страна на Комисијата избрана од градоначалник

Чекор 9

Агенција за катастар на недвижности издава согласност за усогласеност на ДУП со катастарски подлоги

Чекор 10

Подготвување на планска документација и предлог-одлука за утврдување на нацрт планот на совет

Чекор 11

Утврдување на нацрт планот од страна на советот и објавување на одлуката во Службен гласник на Општина Центар - Скопје

Чекор 12

Организирање на јавна анкета и јавна презентација на ДУП (соопштение и решение за објавување; обезбедување на простор за јавна презентација; покани до Министерство за транспорт и врски, ЈП Водвод и канализација, ЕВН Македонија АД, Балкан Енерџи Груп, Дирекција за заштита и спасување, Управа за заштита на културното наследство, ГА-МА АД, АЕК, Македонски телеком, ОНЕ, БЛИЗУ ДООЕЛ, ПОЦ, ЈП Градски паркинг, Министерство за животна средина и  просторно планирање и други правни субјекти)

Чекор 12а

Доколку нацрт-планот претрпел значајни промени дотолку се спроведува повторна јавна анкета и јавна презентација

Чекор 13

Изработување на записници од јавна анкета и од јавна презентација, извештај од јавна анкета и од јавна презентација и работа во комисија која дава одговори по анкетните листови, испраќање на одговорите до барателите

Чекор 14

Вградување на прифатените барања од јавна анкета во предлог план; постапување по одговорите од поканетите институции и други правни лица. Планерот изработува конечен предлог план

Чекор 15

Обезбедување позитивно мислење на предлог-планот од Град Скопје и други надлежни субјекти

Чекор 16

Обезбедување согласност на предлог-планот од Министерство за транспорт и врски

Чекор 17

Подготвување на документација и предлог-одлука за донесување на ДУП на совет

Чекор 18

Донесување на предлог планот од страна на советот и објавување на одлуката во Службен гласник на Општина Центар - Скопје

Чекор 19

Изработување и доставување на 7 (седум) примероци од донесениот ДУП, и по 2 (примероци) од секој лист картирани геодетски подлоги од изработувачот на планот

Чекор 20

Заверување на папките и картираните геодетски подлоги од страна на претседател на совет

Чекор 21

Доставување донесен ДУП до: Државен архив на РМ, Министерство за транспорт и врски,  Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Агенција за катастар на недвижности, архивот на донесувачот на планот, до органот што го спроведува и седмиот примерок до донесувачот на планот заради достапност на јавноста. 

ДУП КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИМЕНУВА