mk-MKen-US
Општина
Центар

Градоначалник

Кратка биографија
Андреј Жерновски

Роден 26.11.1968 година во Скопје, Република Македонија. Македонец. Дипломиран градежен инженер на Универзитет „Св.Кирил и Методиј", Скопје и магистар по политички науки на Универзитетот ФОН. Говори англиски јазик. Живее во Скопје. Оженет со Олгица, татко на Никола и Дарко. 

Член на Либерално демократска партија од 1993 година. 

Совет на Град Скопје: 

• 1996-2000 Советник во Советот на Град Скопје и заменик претседавач, 

• 2000-2002 Советник на градоначалникот на Град Скопје. 

Пратеник во Парламентот на Република Македонија во три мандати: 

• 2002-2006, 

• 2006-2008, 

• 2008-2011. 

2003-2011 член на Делегацијата на Република Македонија во Советот на Европа. 

2004-2006 прв претседател на заедничката Интерпарламентарна комисија на Македонскиот парламент и Европскиот парламент за интеграција на Република Македонија во ЕУ. 

2013 избран за градоначалник на Општина Центар.